Дома Фудбал Репрезентации Поранешен холандски репрезентативец осуден на шест години затворска казна

Поранешен холандски репрезентативец осуден на шест години затворска казна

Екс-холандскиот репрезентативец Квинси Промес е осуден на шест години затворска казна за шверц на дрога, меѓутоа прашање е дали наскоро ќе заврши зад решетки.

Во овој момент тој настапува за тимот на Спартак Москва од Русија, а казната треба да ја служи во неговата татковина. Промес не се појавил на судењето во Амстердам, па тоа било наведено како отежнувачка околност.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Првично му се закануваше девет години затвор како што бараше обвинителството пред Судот да го осуди на шест, а неодамна беше осуден и на 18 месеци затвор за тежок напад кога на семејна веселба избодел роднина во ногата.

Медиумите пренесуваат дека Промес се обидел да добие руски пасош за да се спаси бидејќи оваа земја нема договор за екстрадација со Русија, па фудбалерот би бил безбеден. Во кариерата Промес играше за Твенте, Спартак, Севиља и Ајакас.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

ПМФЛ: Пресврти на Силекс и Шкупи, Вардар влезе во црна серија

На македонските фудбалски терени денеска се играа натпреварите од ПМФЛ. Екипата на Шкупи с…