Дома Македонски спорт Поранешен фудбалер на Победа ќе ги служи шеиците и гостите на натпреварите во Катар

Поранешен фудбалер на Победа ќе ги служи шеиците и гостите на натпреварите во Катар

Денеска од 17 часот на стадионот „Ал Тумама“ во Доха е мечот од А-групата на Светското фудбалско првенство Сенегал – Холандија. За време на овој дуел, токму на овој стадион е прилепчанецот Марјан Митрески, поранешен фудбалер на Победа.

Сместен во еден од баровите, во улога на бармен ги служи домашните шеици и многубројните гости од разни страни на светот.

– Покрај напорната работа со многу гости, како поранешен фудбалер би сакал да видам што повеќе од натпреварите на стадионот, доколку имам време. Навивам за Хрватска, бидејќи работев таму, како и за Бразил – вели 26-годишниот Митрески.

На стадионот „Ал Тумама“ во Доха, до 10 декември ќе се играат и натпреварите: Шпанија – Костарика, Катар – Сенегал, Белгија – Мароко, Иран – Сад, Канада – Мароко, еден 16-финален и еден четвртфинален.

Извор+фото: Шампион.мк

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

„Златен гонг“ во „Расадник“, Скопје очекува боксери од до 20 земји

Меѓународниот боксерски турнир ќе го има своето 55. издание од 13 до 15 ноември. Домаќин н…