Дома Фудбал Останато Поранешен фудбалер на Ливерпул станува боксер

Поранешен фудбалер на Ливерпул станува боксер

Прославениот холандски фудбалер, Дирк Кајт (41) има легендарен статус скоро во сите клубови каде што настапуваше.

Навивачите добро ја паметат неговата борбеност, но и фудбалските квалитети кои некогаш знаеа да бидат и во втор плам поради неговото неуморно трчање на теренот. Веќе четири години Кајт е во играчка пензија и го водеше младиот тим на Фејенорд. Сега тој одлучи да се проба и во боксот.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Имено, Кајт ќе добие прилика на 41 година да дебитира во рингот, а се во склоп на големиот спектакл во кој професионалниот кик-боксер Рико Верховен ќе се врати во рингот после долга пауза.

Настанот е закажан за на 29. октомври во Ротердам, а Кајт не го крие возбудувањето.

„Четири години поминаа откако ја завршив играчката кариера и ми недостасува тензија и борба да победам во меч. Бев во неколку спортови како тенис и фитнес, но мислам дека рингот ќе биде вистинската работа за мене. Би сакал да боксувам со некои познати личности“, истакна Холанѓанецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Навивачите на Јувентус жестоко го навредија Влаховиќ, па тој одговори на Инстаграм

Навивачите на Јувентус не се задоволни од настапите на нивниот напаѓач и српски репрезента…