Дома Фудбал Останато Спектакл во чест на Дирк Кајт преполн со фудбалски легенди – само еден ден после финалето во Лигата на шампионите

Спектакл во чест на Дирк Кајт преполн со фудбалски легенди – само еден ден после финалето во Лигата на шампионите

Холандскиот фудбалер се простува од фудбалот на крајот на оваа сезона.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Дирк Кајт важи за еден од најблагодарните фудбалери во овој милениум и не постои трнеер кој би сакал во својот тим да има фудбалер каков што е тој, станува збор за човек кој секогаш го остава срцето на терен.

Тоа го правеше каде и да играше, почнувајќи од Утретехт, Фејенорд, Ливерпул и Фенербахче.

Кајт се простува на крајот од оваа сезона а ќе биде испратен со проштален натпревар во негова чест на кој ќе настапат голем број ѕвезди.

Ќе гледаме натпревар помеѓу Фејенорд на едната страна и микс на поранешните фудбалери на Ливерпул и Фенербахче на другата.

Јержи Дудек, Стивен Џерард, Џејми Карагер, Роби Фаулер, Крег Белами ќе играат заедно со Кристијан Барони, Раул Меирелеш, Вебо...Тука ќе бидат уште Рој Макај, Саломон Калу, Патрик Ловедијк, Красдроп, Вилхен…

Целиот спектакл нема да помине и без познатите Холнаѓани, Робин Ван Перси, Весли Снајдер, Ван Дер Сар, Ван Бронхорс, Ван Нистерлој…

Натпреварот ќе се одигра еден ден после финалето во Лигата на шампионите на 27 мај во 14:00 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Аргентина може да здивне: Познато колку ќе паузира Меси!

Аргентинската репрезентација доби добри вести само три недели пред почетокот на Светското …