Дома Топ вести Поранешен аргентински фудбалер тврди: Валверде заминува, во декември Барса добива нов тренер!

Поранешен аргентински фудбалер тврди: Валверде заминува, во декември Барса добива нов тренер!

Барселона нема баш најдобар старт на сезоната, шпанскиот шампион се уште нема обезбедено пласман во нокаут фазата од Лигата на шампионите.

Поради тоа во медиумите се пишува дека позицијата на Еренсто Валверде е сериозно загрозена. Како можен негов наследник се споменува името на Марсело Галјардо.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поранешниот аргентински репрезентативец, Клаудио Борхи дури и тврди дека работата е завршена и дека Галјардо во декември ќе биде промовиран за нов тренер на Барселона.

„Нов тренр на Барселона ќе биде Галјардо. Информацијата е проврена. Тој е еден од најдобрите тактичари во светот. Можеби во Ривери ќе ги демантираат овие информации, меѓутоа мојот извор е сигурен“, изјави Борхи во гостувањето на аргентинска телевизија.

Галјардо пет години го води Ривер и со овој клуб освои двете титули во Копа Либертадорес, а оваа година ќе ја брани титулата во финалето со Фламенго на 23-ти ноември.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

„Бомба“: Леао за 120 милиони во Премиер лигата

Манчестер Сити е сериозно заинтересиран за ѕвездата на Милан, Рафаел Леао, пренесуваа…