Во Рома се убедени дека судијата Ентони Тејлор ги оштети во финалето од Лигата на Европа, а Жозе Мурињо не успеа да се воздржи па испрати навреди кон англискиот судија.
Од УЕФА потврдија дека отворена е дисциплинска постапка за португалскиот стратег за неговото непримерно однесување и наскоро ќе биде објавено со каква ќе се соочи Жозе.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
На оваа тема се огласи и поранешниот англиски судија Кејт Хакет кој побара УЕФА да биде жестока кон Португалецот.
„Тејлор помина долги години за да дојде до ова елитно ниво и да суди натпревар во кој немаше поголеми инциденти, а потоа се соочи со ваков однос. Мурињо треба да добие десет натпревари суспензија, а УЕФА треба да исфрлува екипи за да спречи да се случуваат вакви работи“, изјави Хакет.
Судијата Тејлор можеше да биде и физички нападнат кога на аеродромот беше пресрнат од бесни навивачи на римскиот клуб.