Дома Фудбал Англија Пораката на Гвардиола која нема да му се допадне на Агуеро: „Не сме во таков дел од сезоната…“

Пораката на Гвардиола која нема да му се допадне на Агуеро: „Не сме во таков дел од сезоната…“

Серхио Агуеро не го криеше своето незадоволство откако Пеп Гвардиола го извади од игра на натпреварот против Борусија Менхенгладбах.

Агуеро неодамна се врати на теренот после повредата, но нема минутажа на која се навикнал. Аргентинецот против Менхенгладбах излезе во второто полувреме и се пожали на Пеп дека соиграчите не му ја додавале топката.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Тој во Сити пристигна пред десет години од Атлетико Мадрид и стана најдобар стрелец на сите времиња во овој клуб. Меѓутоа, многумина веруваат дека на крајот од сезоната ќе го напушти Етихад.

Агуеро има договор до крајот на сезона и се уште не го продолжил, а се погласни се шпекулациите дека на лето ќе потпише за Барселона.

Според англиските медиуми и Гвардиола го потврдил заминувањето на Агуеро бидејќи призна дека не е во можност да му дава сериозна минутажа во овој момент.

„Знам дека на Агуеро му е потребно време да го врати своето најдобро ниво, но можеби не сме во таков дел од сезона за да му даваме сериозна минутажа. На крајот од годината ќе разговараме со клубот, со неговиот агент и ќе ја донесеме најдобрата одлука за двете страни.“ – рече Гвардиола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Барселона се засилува со ѕвездата на Манчестер Сити!?

Бернардо Силва е голем фан на Барселона, каде впрочем живее и дел од неговото семејство, а…