Пролетниот дел од ПФМЛ започна со победа на Ренова во Штип со 1:2.
Ренова беше подобриот тим, посебно во првиот дел и заслужено се радуваа. Натпреварот беше отворен со еден смешен гол кој го постигна Мурати после лошата проценка на голманот на штипјани, Денковски.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Имаа „гипсарите“ уште неколку добри шанси, а Брегалница преку Манев ја погоди стативата. Во второто полувреме кога Брегалница тргна повеќе офанзивно за да изедначи и отвори простор за противникот Серафимовски постигна гол за 0:2.
Конечните 1:2 ги постигна Дмњановиќ. Во последните моменти од мечот Алтипармаковски пропушти зицер за 2:2.
Фото: ФК Брегалница