Дома Фудбал Лига на шампиони Поразот од Македонија го разочарал, Имобиле се повлекува од Италија?

Поразот од Македонија го разочарал, Имобиле се повлекува од Италија?

Ѕвездата на Лацио и италијански репрезентативец, Чиро Имобиле планира да се повлече од селекцијата на „аѕурите“ кои не обезбедија место на Мундијалот во Катар.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Имобиле е разочаран по поразот од Македонија во полуфиналето на баражот со 0-1 сред Палермо, па решил да замине во пензија. Италијанскиот напаѓач наводно сакал да им го остави неговото место на помладите колеги во репрезентацијата, како Џанлука Скамака.

Имобиле беше еден од најкритикуваните по поразот од Македонија, а тоа ги преминало сите граници и го натерало да се повлече од репрезентацијата, иако сè уште нема официјална потврда за такво нешто, туку шпекулации во медиумите.

Во секој случај, Италијанецот останува во нападот на Лацио, каде што игра фантастично.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Мбапе за Парагвајците: Мислеа ќе дојдеме во смокинг, а ние ги победивме во нивната игра

Француската фудбалска ѕвезда Килијан Мбапе истакна дека неговата репрезентација го совлада…