Агенцијата за млади и спорт, веќе осми месец е без одговор за македонското државјанство на Берат Калкан. Еден од најталентираните фудбалери со наше потекло кој настапува во турски Касимпаша поради „ажурноста“ на АМС отпаѓа од составот на Македонија.
Македонската репрезентација до 19 години од 10. до 16. ноември ќе ги одигра натпреварите од квалификацискиот турнир за пласман во Елитна фаза квалификации за Европско првенство.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Голем хендикеп за нашата репрезентација е отсуството на Берат Калкан. Фудбалерот на турски Касимпаша нема да биде во составот на Македонија поради тоа што Агенцијата за млади и спорт сеуште не дава никакво мислење по барањето на ФФМ испратено пред осум месеци за обезбедување македонско државјанство за Берат Калкан.
„Реално, се соочуваме со многу проблеми околу составот. Еден од нашите најталентирани фудбалери, Берат Калкан од турски Касимпаша поради административни проблеми (ФФМ веќе осум месеци нема одговор од Агенцијата за спорт и млади за државјанство на Берат Калкан) дефинитивно нема да биде во составот на репрезентацијата“, изјави селекторот на репрезнетацијата до 19 години, Дашмир Беари.
Составот со кој ќе настапи Македонија во квалификациите – тука.