Македонската репрезентација до 19 години од 10. до 16. ноември ќе ги одигра натпреварите од квалификацискиот турнир за пласман во Елитна фаза квалификации за Европско првенство. Нашата надежна репрезентација на турнирот во Албанија ќе се соочи со селекциите на Албанија, Србија и Франција.
Селекторот на македонската репрезентација до 19 години, Дашмир Беари за квалификациските натпревари ќе смета на следните 22-ца фудбалери:
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Голмани: Стефан Тасев (Македонија Ѓ.П.), Гоце Јовчев (Вардар), Кире Новаков (Триглав, Словенија);
Одбрана: Кристијан Тасески (Аугзбург, Германија), Решат Рамадани (Шкендија), Грегори Давков (Вардар), Љупче Кудев (Кит Го),Самет Реџепи (Детонит), Антонио Јанкуловски (Фролунда, Шведска), Гордијан Христовски (Тетекс), Давид Бошески (Кит Го);
Среден ред: Октај Ракипи (Шкендија), Џемиљ Јахији (Воска Спорт), Ване Крстевски (Академија Пандев), Матеј Ангелов (Работнички), Зуфер Шаини (Бриње, Словенија), Мартин Талаков (Подбрезова, Словачка);
Напад: Бехар Фета (Воска Спорт), Али Али (Ренова), Емир Саитоски (Домжале, Словенија), Дашмир Елези (Шкендија), Бесар Гуџуфи (Бешикташ);
Групата е исклучително тешка. Франција е фаворит. Нашиот прв противник Србија, исто така е многу квалитетна репрезентација, а одлична генерација има и селекцијата на Албанија. Позитивно за нас во овој момент е тоа што од повиканите фудбалери нема повредени и ќе бидат подготвени да се соочат со силни противници. Верувам во тимот и во квалитетот на нашата репрезентација. Наша цел е да се надигруваме со сите, а колку тоа ќе биде доволно за позитивни резултати ќе видиме по крајот на натпреварите.