Станува збор за договор на четири години.
Познато е веќе некое време дека искусниот Белгиец, Маруан Фелаини (30) е голема желба на Пари Сен Жермен, на Белгиецот ова лето му истекува договорот со Манчестер Јунајтед.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Француските медиуми веќе објавија дека ПСЖ работи на доведување на Бразилецот, бидејќи на шест месеци пред истекот на неговиот договор со Манчестер Јунајтед нема никакви знаци дека истиот ќе биде продолжен.
Лидерот на француското првенство спреми конкретна понуда која веќе ја доставил до искусниот играч за врска, а таа изнесува договор на четири години вреден 20 милиони евра.
Доколку понудата и официјално пристигне наводно Фелаини е спремен да ја прифати без оглед што не би имал загарантирано место во првиот тим.
Но, проблемот за ПСЖ е што ќе има конкуренција од Бешикташ, Јувентус, Милан и Рома кој исто така сакаат да го видат во своите редови.