Дома Трансфер зона Понудата за Белерин пристигна – Венгер на потег!

Понудата за Белерин пристигна – Венгер на потег!

Имате еден обид да погодувате кој ја испрати…

Добро известениот италијански новинар Танкреди Палмери има информации дека Барселона испратила oфицијална понуда вредна 30 милиони евра за Хектор Белерин.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Познато е дека десниот бек на Арсенал е една од главните метиу на Барселона. Таа позиција во Каталонија е болна точка уште од заминувањето на Дани Алвеш и сега сакаат да го вратат „своето дете“ за да го решат тој проблем.

Кога ќе се земе во предвид какви суми се вртат на трансфер пазарот во последно време, најверојатно „топџиите“ оваа понуда лесно ќе ја одбијат.

Венгер го доведе Белерин во младинскиот погон на Арсенал од „Ла Масија“ кога Шпанецот имаше само 16 години, на 18 дебитираше за првиот тим и до сега запиша 114 настапи во сите натпреварувања.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Премиерлигашите ја сакаат ѕвездата на Билбао

Неколку клубови од Премиер лигата се силно заинтересирани за бисерот на Атлетик Билбао, Ни…