Дома Топ вести Поникна во Барселона, сега се сели во Реал

Поникна во Барселона, сега се сели во Реал

Манчестер Сити покажува сериозен интерес за ѕвездата на Лајпциг, Дани Олмо, пренесуваат шпанските медиуми.

Олмо ја помина школата на Барселона во младинските категории, од каде замина за Динамо Загреб каде ја доживеа својата фудбалска афирмација.

Минатата година направи трансфер во Лајпциг, каде блеска оваа сезона, па го привлече вниманието на многу европски гиганти.

Шпанскиот репрезентативец има договор со Лајциг до 2024 година, но сака да ја промени средината. Германскиот клуб за неговата слобода бара 50 милиони евра и е спремен да го продаде на лето.

Реал покажува сериозен интерес бидејќи Олмо може да игра на повеќе позиции во нападот, меѓутоа ќе мора да ја победи конкуренцијата бидејќи Барселона исто така сака да го врати во своите редови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Сабицер го спаси Дортмунд во 90+3: Вердер падна по луда драма!

Дортмунд испушти 2:0, но Сабицер со слободен удар во 90+3. минута донесе победа од 3:2 над…