Француската Лига 1 ја објави листата на номинирани за најдобар тренер во изминатата сезона.
На големо изненадување на сите на листата немаше место за Маурисио Покетино кој со ПСЖ стигна до шампионската титула. И покрај освојувањето на првенството за Покетинот немаше место во првите пет.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Вакво нешто се случува само вторпат во историјата на Франција, претходно единствена ваква ситуација беше во 2008 година кога Ален Перин го освои шампионатот со Лион и не се најде меѓу кандидатите.
Тренерите кои ќе се борат за наградата се: Хорхе Сампаоли од Олимпик Марсеј, Бруно Џенесио од Рен, Кристоф Галтие од Ница, Антоан Комбоар од Нант и Жулиен Стефан од Стразбур.