Дома Фудбал Пол Инс е убеден: Се е спремно за заминување на Погба

Пол Инс е убеден: Се е спремно за заминување на Погба

Пол Погба не игра во најдобра форма и често пати е мета на критики на англиската јавност.

Еден од неговите чести критичари е Пол Инс кој сега тврди дека се е спремно за заминување на Пол Погба уште во јануари.

Французинот игра слабо, а во последните натпревари беше и ставен на клупата за резерви.

„Јас веќе гледам како Погба заминува уште во јануари. Се наведува на такво нешто, се е подготвено за негово заминување. Тој е играч од светска класа, но неговиот однос со Мурињо се претвори во шпанска сапуница и лошо влијае на целиот тим“, изјави Инс кој потоа зборуваше за трансфер политиката на клубот.

„Манчестер Јунајтед купува играчи од светска класа, но можеби треба да започне да ги избира во склад со филозофијата на тимот“, смета Пол Инс.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Копенхаген падна во Андора: Интер Ескалдес славеше, Данците завршија со деветмина!

Интер Ескалдес го совлада Копенхаген со 2:0 и ги освои првите бодови во Конференциската ли…