Дома Останати Полуфиналистот на Австралија Опен признава: Ми нудеа пари за да изгубам!

Полуфиналистот на Австралија Опен признава: Ми нудеа пари за да изгубам!

Овогодинешниот полуфиналист на Австралија Опен, Лукас Пулие накратко објаснува што се случува во тенискиот свет кога станува збор за кладењето и тенисот.

„Премногу пари се вклучени во кладење и тоа е тешко да се искорени. Мислам дека е најдобро да се забранат облозите на одредени турнири“, вели Лукас.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Францускиот тенисер призна дека неколку пати му се понудени пари со цел да ги изгуби натпреварите.

„Играв на Челинџер во Романија каде што лудо ме бодреше група од 4-5 луѓе, а потоа следниот ден тие луѓе беа против мене бидејќи се обложиле да изгубам. Ми понудија и пари преку социјалните мрежи, но не одговорив. Не е вредно тоа. Смешно е да се продаваат натпревари и намерно да се губи поради пари“, рече Пулие.

Истакна дека најголем проблеми има на мали турнири, односно каде што наградниот фонд е мал, а кога ќе стигне примамлива понуда од кладилничарите, поедници играчи тешко е да одбијаат бидејќи патувањата на турнирите чинат доста пари.

„Можеби треба да се забрани кладењето на некои турнири. Лесно е да се обложуваш анонимно, особено во источните земји. На дечките им се потребни пари за патувања, а кога ќе ти понудат 5000 евра за натпревар, а ти заработуваш 1000 ако го освоиш турнирот, тешко е да кажеш не“ вели Лукас.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Ѓоковиќ нема конкуренција – овие бројки ја покажуваат доминацијата на Србинот!

Новак Ѓоковиќ во последниве години доминира со светскиот тенис. Србинот од 2020 година па …