Дома Македонски спорт Полска не не надигра, но го имаше Пјонтек: Прекината нашата добра низа на резултати

Полска не не надигра, но го имаше Пјонтек: Прекината нашата добра низа на резултати

Репрезентацијата на Македонија денес го одигра натпреварот во рамките од квалификациите за Европското првенство против селекцијата на Полска.

Полска важеше за фаворит во овој натпревар и на крајот ја оправда таа улога со минимална победа од 0:1.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Македонија може да се каже дека добро го започна натпреварот, создадовме и неколку добри прилики. Дека во тој период од играта бевме подобар противник покажува и статистиката, ние во првото полувреме имаве пет удари кон противничкиот гол од кој еден во рамките од голот, од друга страна Полјацијата само два пати шутираа кон нашиот гол и ниту еднаш во рамките од голот.

Сепак, таа теренска иницијатива не ја искористивме.

Клучниот момент селекторот на Полска го направи на стартот од вториот дел кога во игра го уфрли напаѓачот на Милан Криштоф Пјонтек. Токму тој после само една минута во вториот дел ја погоди нашата мрежа, а тој гол се покажа како доволен полска да однесе победа од овој натпревар.

Во финишот од натпреварот во нашите редови исклучување заработи Висар Муслиу.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Сејдини: Македонија може да има успех во Лигата на Нации, знам дека тоа го мисли и селекторот

На Редовното генерално Собрание на Фудбалската федерација (ФФМ) на Македонија, претседател…