Британската полиција отвори истрага околу начинот на прослава на голот на фудбалерот на Астон Вила, Оливер Воткинс во рамките од 17-тото коло од англиската Премиер лига.
Астон Вила го победи Брентфорд со 2:1, а најдобриот клупски стрелец Воткинс во 85-тата минута го постигна победничкиот гол. По постигнатиот гол Воткинс дојде противничката трибина и имаше порака за некого во публиката, во тие моменти тој покажа и среден прст.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Во разговори сме со претставниците на Брентфорд и Астон Вила и се обидуваме да дознаеме што повеќе детали околу тој случај“, порачале од полицијата.
За ситуацијата се огласи и самиот фудбалер.
„Од првата минута од трибините еден навивач ме навредуваше. Почувствував потреба да му возвратам. Реакцијата не беше наменета за никој друг, само кон него“, објасни Воткинс.