Медицинската сестра, докторот и возачот се наоѓаат под истрага затоа што дале лажни изјави поради Диего Армандо Марадона, кој почина минатиот месец.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Марадона почина по операцијата на хематомот на главата во неговиот дом, а досега се потврдени неколку пропусти во неговото лекување.
Прво личниот доктор бил кај обвинителот, а сега и возачот. Максимилијан Тримаки сведочеше дека не бил во куќата во моментот кога починал Марадона, но безбедносните камери покажуваат поинаку.
Потврдено е дека Тримаки лажел, а тоа го направил од засега непозната причина. На него му биле одземeни телефонoт и компјутерот, а посебно било забележано дека неколку пати влегувал во куќата во која Марадона починал, а лажел дека не бил таму.
Претходно лажела и медицинската сестра, која Марадона го оставиле со часови без надзор.