Тренерот на ПСЖ, Маурисио Покетино истакна дека целта на неговиот тим е да ја освои Лигата на шампионите.
Францускиот гигант денес ќе и гостува на Барселона во првиот натпревар од осминафиналето.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Ќе биде тоа посебен натпревар. Се чувствува дека овој дуел ќе биде важен и може да се забележи дека сите во клубот се возбудени. Секако, нашата цел е повторно да ја освоиме Лигата на шампионите. Сега играме против тим кој има иста цел“.
Барселона и ПСЖ во елитното натпреварување последен пат се сретнаа во 2017 година. Тогаш ПСЖ го доби првиот натпревар со 4:0, а во вториот Барселона направи сензационален пресврт и победи со 6:1.
„Мирен сум и опуштен. Овој ПСЖ е поинаков. Не можеме да го избришеме тоа што се случило, но можеме да изградиме поинаква иднина“, изјави Покетино.
Натпреварот помеѓу Барселона и ПСЖ се игра денес од 21:00 часот.