Дома Фудбал Англија Покетино: Тимот не е среќен, треба да ја вратиме хармонијата

Покетино: Тимот не е среќен, треба да ја вратиме хармонијата

Тренерот на Тотенхем, Маурицио Покетино изјави дека му потѕребно време за повторно да изгради балансиран тим бидејќи е нарушена хармонијата во моментов.

Тотенхем минатата сезона постигна историски успех и се пласираше во финалето од Лигата на шампиони, па очекувањата оваа сезона беа големи.


Финале ЛШ: Реал Мадрид 15-та, или Дортмунд втора!? ↓↓↓


„Спарси“ синоќа забележаа големо разочарување и беа елиминирани од Лига Купот од четвртолигашот Колчестер.

„Потребно ми е време за повторно да ја изградам металната цврстина која е потребна за да се натпреваруваме на ова ниво. Во моментов е нарушена хармонијата.  Кога имаш тим кој е незадоволен и несреќен, секогаш е тешко и тоа е само губење време“, истакна Покетино.

„Треба да помине некое време за да се стабилизира тимот. Можеби игрите ни се добри, ама ни треба нешто повеќе, ни треба нешто во главите. Ни треба поволна енергија, да сме сите заедно, а не да имаме различни ставови. Мора да продолжиме да работиме и мора да сме смирени“, заклучи Покетино.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Реал со победа против Борусија до 15. титула во ЛШ!

Реал Мадрид е новиот европски шампион. „Кралевите“ вечерва ја оправадаа фаворитската улога…