Дома Фудбал Останато Покетино пред Барса има само една дилема

Покетино пред Барса има само една дилема

Ждребот сакаше во осминафиналето да гледаме дуел на Барселона и ПСЖ.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


На сите во добро сеќавање ни е дуелот на овие два тима од 2017 година кога Каталонците поминаа понатаму после неверојатен пресврт.

Маурисио Покетино во првиот натпревар нема да може да смета на Нејмар и Ди Марија па ќе мора да ротира.

Познато е дека на голот се враќа Кејлор Навас кој се опорави од повредата. Стоперскиот тандем ќе го сочинуваат Маркињос и Кимпембе додека на бековската позиција се Курзава и Флоренци.

Марко Верати исто така се врати после повредите и ќе игра во средината, а друштво ќе му прават Паредес и Гаје.

Во нападот ќе бидат Мбапе и Икарди, единствената дилема за Покетино е кој ќе му прави друштво на Французинот – Сарабија или Кин?

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Иранската репрезентација остави емоционална порака во соблекувалната во Лос Анџелес

ФУДБАЛСКАТА репрезентација на Иран се збогува со Лос Анџелес со рачно напишана порака, во …