Дома Фудбал Останато Покетино откри што предвидел Мбапе пред дуелот на Камп Ноу

Покетино откри што предвидел Мбапе пред дуелот на Камп Ноу

Килијан Мбапе синоќа со хет-трик го предводеше Пари Сент Жермен до голема победа над Барселона на „Камп Ноу“.

Тренерот на „светците“ Маурисио Покетино обелодени дека Мбапе пред натпреварот ја предвидел победата.

„Ме праша колку пати сум победил на Камп Ноу, а јас му кажав дека тоа беше само еднаш. Тој ми одговори дека утре ќе ја добијам втората победа“, открива Покетино.

„Тој е врвен фудбалер, светска класа. Големите фудбалери испишуваат историја. Се развиваат од натпревар во натпревар. Со овој хет-трик најверојатно ќе биде во центар на внимание, но ние и претходно знаевме колку е добар“, додаде аргентинскиот стратег.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Ирска подготвена за реваншот со Израел благодарение на ротациите на Халгримсон

Хајмир Халгримсон верува дека ротациите во тимот ќе ја одржат свежината на Ирска за натпре…