Дома Трансфер зона Покетино одлучи: Во Тотенхем пристигнува ГОЛЕМО засилување?

Покетино одлучи: Во Тотенхем пристигнува ГОЛЕМО засилување?

Навивачите на Тотенхем наскоро би можеле да добијат големо засилување.

Имено, тренерот Маурисио Покетино е заинтересиран ова лето да го доведе крилниот напаѓач на Борусија Дормтунд, Марко Ројс. Германскиот фудбалер и некогаш ѕвездата на европскиот фудбал има договор кој истекува за година дена, а се уште нема индикации дали ќе го продолжи договорот.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ројс беше повреден од мај минатата година, а на теренот се врати неодамна и постигна гол во ремито (1:1) против Аугсбург. Освен Тотенхем, за него е заинтересиран и Ливерпул, бидејќи Јирген Клоп е добро запознаен со Ројс, со оглед на тоа што своевремено заедно работаа во Дортмунд.

Ројс е член на Дортмунд од летото 2012. година, кога пристигна од Менхенгладбах за нешто повеќе од 17 милиони евра, а во текот на оваа сезона одигра само три натпревари во Бундеслигата и постигна два гола. Потсетуваме, тој некогаш се поврзуваше и со најголемите клубови во светот, како Барселона и Реал Мадрид, но повредите целосно ја уништија неговата кариера и големо е прашањето што може да направи во иднина.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал нуди ситница за Алфонсо Дејвис

Реал Мадрид ги прекинал преговорите со дефанзивецот на Баерн Минхен, Алфонсо Дејвис, кој и…