Маурицио Покетино денеска е именуван за нов тренер на француски ПСЖ.
Овој 48-годишен стручњак се враќа на тренерската работа после една година пауза, а со Парижаните потпиша договор до 2022. година со опција за продолжување на соработката за уште една година.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Покетино изрази големо задоволство после потпишувањето на договорот со ПСЖ.
„Пресреќен сум и горд што станав нов тренер на ПСЖ.“ – започна Покетино и додаде:
„Му благодарам на клубот што ми укажа доверба. Како што знаете, овој клуб има посебно место во моето срце. Имам одлични спомени.“
Покетино добро знае дека во своите раце има одличен тим.
„Овој тим има фантастичен потенцијал и со оваа екипа ќе направ се да направиме што подобри резултати во сите натпреварувања, односно на екипата ќе и дадеме борбен и напаѓачки идентитет кој навивачите отсекогаш го посакувале.“ – порача аргентинскиот стручњак.
Пред да дојде во ПСЖ тој работеше пет години како менаџет на Тотенхем, а ги предводеше и Саутемптон и Еспањол.