Дома Фудбал Лига на шампиони Покетино: Нашата цел е јасна – трофеј во Лигата на шампионите!

Покетино: Нашата цел е јасна – трофеј во Лигата на шампионите!

За Пари Сен Жермен веќе неколку години главна цел е титулата во Лигата на шампионите, па така е и во оваа во која од клупата ги предводи Маурисио Покетино.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Шампионот на Франција во среда игра реванш во осминафиналето против Барселона откако на „Камп Ноу“ убедливо ги победија Каталонците со 1:4.

„Нашата цел е јасна – трофејот во Лигата на шампионите. Нормално нема да биде лесно има неколку тимови кои го сакаат истото. Ние сме свесни за одговорноста и ќе дадеме се од себе, па и повеќе од тоа за да ја оствариме таа цел“, изјави Покетино.

Во минатата сезона ПСЖ со Тухел стигна до финалето, а таму „светците“ беа поразени од Баерн Минхен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Најубавата фудбалерка на светот беше запросена од своето момче

Репрезентативката на Швајцарија и фудбалерката на Лестер, Алиша Леман, која многумина ја с…