Дома Фудбал Англија Покетино: Мислам дека е вистинско време да си заминам!

Покетино: Мислам дека е вистинско време да си заминам!

Целта на Тотенхем е да заврши на третото место во Премиер лигата оваа сезона, истакна тренерот Маурисио Покетино.

Во недела „спарси“ во последното коло играат против Евертон, но готово сигурно ќе завршат во Топ 4.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


„Во фудбалот се може да се случи. Ние треба да веруваме дека во недела ни треба победа. Нашата цел е третото место. Евертон е во добра форма и имаа цела седмица за да се спремаат. Треба да бидеме концентрирани да ја бараме победата“, истакна Покетино.

Неговиот тим направи историски успех и се пласира во финалето од Лигата на шампиони, а Покетино смета дека сега е вистинско време да го заврши својот циклус во клубот.

„После пет години сметам дека е вистинско време да го затвориме циклусот. Ќе зборувам со претседателот на крајот на сезоната. Важно е да имам јасни идеи за проектот и целите на клубот. После пет години прашањето е: Што понатаму? За мене е тешко да најдам одговор. Финалето ќе биде неверојатен момент, а после тоа ќе донесеме заедничка одлука“, заклучи аргентинскиот стратег.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Парехо: И мене ме нарекуваа пијаница, па не се расправав со навивачите како Винисиус

Фудбалерот на Виљареал, Даниел Парехо, го критикуваше однесувањето на Винисиус, кој не мож…