Манчестер Јунајтед наводно е блиску до завршување на ангажманот на Покетино како нов тренер кој ќе го замени Оле Гунар Солскјер.
Аргентинецот долго време се поврзува со „Црвените ѓаволи“ и со другите големи гиганти, а сега „Дон Балон“ пишува дека е блиску до превземање на кормилото на „Олд Трафорд“.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Покрај тоа, медиумот тврди дека доколку Покетино се пресели во Јунајтед, клубот ќе има голема предност во однос на Реал Мадрид во трката за потписот на Кристиан Ериксен.
Ова би бил неверојатен двоен трансфер за Манчестер Јунајтед ако успее да го реализира. Покетино одлично работи во Тотенхем и долго време е на радарот на Манчестер Јунајтед. Ериксен исто така би бил квалитетно засилвуање и би ги засилил слабите позиции во овој момент во составот на Манчестер Јунајтед.