Дома Фудбал Англија Покетино испрати „мистериозна“ порака: Можеби треба да го смениме мебелот!

Покетино испрати „мистериозна“ порака: Можеби треба да го смениме мебелот!

Тимот на Тотенхем и оваа сезона игра многу добар фудбал, но повторно им недостасува нешто за да направат исчекор и веројатно повторно ќе останат без освоен трофеј.

Оваа година „спарси“ во Лигата на шампиони дојдоа до полуфиналето, каде во првиот меч загубија од Ајакс на домашен терен со 1:0.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во Премиер лигата се наоѓаат на третото место и не можеа да влезат во борба за титулата, а многумина сметаат дека тоа е поради фактот што не донесоа засилувања.

Се чини дека тоа конечно го сфати и Покетино, па испрати „интресна“ порака до раководството.

„Доколку сакате да имате поубава куќа, можеби треба да го промените мебелот“, изјави Аргентинецот алудирајќи на нови засилувања.

Покетино најверојатно ќе остане на кормилото на Тотенхем и следната сезона, па останува да видиме дали ова лето ќе му бидат донесени засилувања.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…