Менаџерот на Тотенхем, Маурицио Покетино беше искрен и изјави дека неговиот тим има минимални шанси за пласман во елиминациската фаза во Лигата на шампиони.
„Спарси“ синоќа одиграа реми против ПСВ и имаат само еден бод после три одиграни кола во групната фаза.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Заслуживме да победиме, направивме се за да ги освоиме трите бода, но на крајот не успеавме. Такви работи се случуваат во фудбалот и треба да ги прифатиме. Бевме многу подобри од ПСВ и ја контролиравме играта. Ова беше меч кој едноставно моравме да го добиеме и поради тоа сме многу разочарани“, изјави Покетино и призна дека сега шансите се мининални.
„Близу сме до елиминација. Имаме само еден освоен бод, ќе биде исклучително тешко, треба да ги добиеме сите три натпревари кои треба да ги одиграме и да очекуваме одредени резултати на други натпревари кои би ни помогнале“, заклучи Покетино.
Success has made a victim of Mauricio Pochettino – but don't ever forget what a magnificent job he is doing ⚪️ #THFC
➡️ https://t.co/v37pPNAGSi pic.twitter.com/ysBO6Jotzt
— FourFourTwo ⚽️ (@FourFourTwo) October 24, 2018