Дома Фудбал Англија Покетино изрази голема жал за Астори, кој требаше да биде дел од неговата експидиција

Покетино изрази голема жал за Астори, кој требаше да биде дел од неговата експидиција

Покетино на денешната конференција за новинарите пред мечот против Јувентус во осминафиналето во ЛШ, ја почна такашто изјави сочуство на сите луѓе кои го сакаат Астори.

„Тоа е голема трагедија. Се сретнав со него пред пет години, бидејќи имав идеја да го донесам во Саутемптон. Беше фантастична личност, одличен професионалец, фантастичен играч“, истакна Покетино за британските медиуми.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


„Бев скршен со тие вести. Ја делиме болката со сите во Италија и Фиренца, сета своја енергија ја испраќам кон неговото семејство“, додаде Покетино.

Давиде Астори, фудбалерот на Италија и Фиорентина почина ноќта помеѓу саботата и неделата. Денешната аутопсија покажа дека Астори кој имаше 31 година починал од срцев удар.

Покетино веќе мина низ истата трагедија во 2009. година. Беше тренер на Еспањол кога играчот на тој клуб Данијел Харке изненадувачки почина од срцев удар.

„Знам колку е тоа тешко. Невозможно е да се тргнеш од болката, да се пронајде објаснување. Тешко е да се разбере што се случува“, истакна Покетино.

Фудбалерите на Тотенхем утре го пречекуваат Јувентус во реванш мечот во осминафиналето во ЛШ, а тој меч, како и сите останати европски дуели, ќе почнат со минута молк во чест на Астори.

Астори инаку утре ќе биде погребан во Фиренца.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

ФИФА објави: Мундијалот во 2030 во шест земји, Саудиска Арабија ќе биде домаќин во 2034 година

Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) објави каде ќе се одржуваат Светските првенства во …