Прв пат откако се раздели со Тотенхем на 19. ноември Маурисио Покетино го прекина медиумскиот молк.
Одличниот стратег зборуваше за локалните медиуми, а аргентинскиот „Фокс Спорт“ се пофали со екскулзивниот материјал.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Постојат многу клубови и атрактивни проекти за мене кој би можел да ги прифатам. Но во овој момент најважно ми е да ги средам мислите после пет ипол години со Тотенхем. Лината цел ми е да пронајдам мотивација. Сакам да продолжам да работам во Европа, но постои шанса поради моето семејство да работам и тука во Аргентина“.
„Треба да останам мирен неколку дена и да видам што ќе се случи. Мојата прва одлука беше да се вратам назад во Аргентина и да се видам со семејството и пријателите. Одлуката да дојдам тука и да се исклучам од се беше добра. Во мои години не ми е потребно многу време за опоравување“, изјави Покетино.