ПСЖ вчера забележа победа против Лориен од 5:1, но тоа не беше доволно за навивачите кои од трибините испратија свирежи за тренерот Маурисио Покетино.
За навивачите победата и тоа што ПСЖ е на добар пат да стане шампион на Франција не е доволно, големо е разочарувањето поради елиминацијата од Лигата на шампионите. Покетино после натпреварот не сакаше премногу да ја коментира својата иднина.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Од овој момент нема повеќе да разговарам за својата иднина во клубот. Имам договор на уште еднаљ година и пред донесување на било каква одлука мораме добро да анализираме“.
Аргентинецот зборуваше и за елиминацијата од Лигата на шампионите.
„Стигнувавме до полуфиналето и финалето, сето тоа е дел од процес кој бара време. Погледнете, имате тимови како Јувентус и Манчестер Сити кои исто така прават се за да ја освојат Лигата на шампионите, но не можат да дојдат до посакуваната цел“, изјави Покетино.