Дома Фудбал Останато Познат фаворитот за наследник на Конте, навивачите имаат друга желба

Познат фаворитот за наследник на Конте, навивачите имаат друга желба

Според медиумите на островот, Тотенхем е во преговори со агентите на Конте за неговата иднина.

Конечната одлука за иднината на италијанскиот стратег се уште не е донесена. Сепак, сите во клубот се подготвуваат за заминување на тренерот. Некои споменуваат разделба на крајот на сезоната, други и порано.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во секој случај, актуелниот договор на Конте истекува во летото 2023 година и речиси нема шанси да биде продолжен.

Тотенхем неодамна беше елиминиран од Лигата на шампионите од екипата на Милан, а во Премиер лигата моментално е на четвртото место и се бори за пласман во Лигата на шампионите следната сезона.

Медиумите на островот веќе шпекулираат за наследниците. Наводно, во Тотенхем ја разгледуваат можноста тимот да го преземе неодамнешниот селектор на Шпанија, Луис Енрике кој важи за најголем фаворит за оваа позиција во овој момент.

Покрај него, меѓу кандидатите се и Оливер Гласнер (Ајнтрахт Франкфурт), Рубен Аморим (Спортинг Лисабон) и Лучијано Спалети (Наполи). Сепак, навивачите на Тотенхем веројатно би сакале Маурисио Покетино да се врати во клубот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

„Не игравме само против 11 фудбалери, туку и против тројцата судии“

Фудбалерите на Баер сезонава 44-ти пат по ред одиграа без пораз. Тие ремизираа 1:1 во Лонд…