Капитенот на Јувентус, Џорџо Киелини заработи повреда во вчерашниот натпревар против Порто во Лигата на шампините.
Италијанскиот ветеран го напушти теренот во 35. минута, а на негово место влезе Демирал.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
После денешните прегледи е дијагностицирано дека мускулот на листото не е повреден, но неговата состојба ќе се следи од ден воден.
Најдолгата пауза која би можел да ја има Киелини е две недели.
Јувентус во понеделник игра против Кротоне во натпреварот од 23. коло во Серија А и извесно е дека Пирло нема да може да смета на него.
Ќе потсетиме договорот на Киелини истекува на крајот од сезоната, а тој пропушти добар дел од натпреварите токму поради проблеми со мускулите. Освен Киелини, денес на прегледи беа Родриго Бентакур и Алваро Мората.