Дома Фудбал Познат првиот фаворит за наследник на Зидан

Познат првиот фаворит за наследник на Зидан

Зинедин Зидан освои многу важни трофеи со Реал Мадрид во претходните сезони, па навивачите поради тоа го сакаат, иако има и дел кои бараат негова оставка по серијата лоши резултати сезонава.

Шпанските медиуми почнаа да шпекулираат дека Зидан ќе добие отказ од претседателот Флорентино Перез, кој не е задоволен. Клучен ќе биде последниот дуел во ЛШ со Мехенгладбах и дали „кралевите“ ќе успеат да се пласираат во следната фаза.

Шпанските медиуми тврдат дека прв фаворит за нов менаџер е Маурисио Покетино. Аргентинецот е без ангажман и чека само повик за да пристигне во Мадрид.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Осум гола на десет меча, но Раимондо знае што му недостига за Италија

Напаѓачот на Фрозиноне има одличен голгетерски учинок, но за првиот сениорски повик сака д…