Дома Фудбал Италија Познат новиот клуб на Мертенс: „Тренерот го бара секој ден“

Познат новиот клуб на Мертенс: „Тренерот го бара секој ден“

Фудбалерот на Наполи, Дрис Мертенс после седум години ќе го напушти италијанскиот клуб.

Мертенс во Наполи пристигна од ПСВ и за седум години одигра повеќе од 300 натпревари, но ерата во овој клуб полека доаѓа кон крајот.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Сите преговори околу продолжување на договорот паднаа во вода и Мертенс како слободен играч ќе бара нов клуб, а следната станица, најверојатно ќе биде лондонски Челси.

Во тоа убеден е и посредникот за трансфери Винченцо Морабито.

„Мертенс прво имаше желба да остане, но агентот почна да го нуди на разни клубови, што значи дека нешто се променило и во неговиот однос со Наполи.“ – рече Морабито и додаде:

„Челси е сериозно заинтересиран за неговите услуги, до таа мера што тренерот Лампард секој ден го бара и убедува да дојде на Стемфорд Бриџ.“

За услугите на Мертенс, помеѓу останатите се интересираат уште и Рома и Интер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…