Македонскиот фудбалер Даниел Аврамовски неодамна го напушти тимот на Сараево, а сега босанскиот портал „спортспорт.ба“ најавува кој клуб може да биде негова наредна дестинација.
Имено, Аврамовски изгледа ќе продолжи во Турција и тоа во редовите на Болуспор кој е дел од Втората лига. За Аврамовски ова ќе биде кам-бек во турскиот фудбал, откако претходно го носеше дресот на Кајзериспор.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
За Сараево, Аврамовски одигра 45 натпревари, постигна четири гола и подели осум асистенции.
Покрај Сараево и Кајзериспор, Аврамовски во кариерата играше уште за Македониај Ѓорче Петров, Црвена Звезда, ОФК Београд, Војводина, Олимпија и Вардар.
Беше дел и од репрезентацијата на Македонија која играше на Европското првенство, а вкупно дресот на националиот тим го носеше на осум натпревари.