Maкедонскиот фудбалер Даниел Аврамовски преку социјалните мрежи потврди дека по две години заминува од Сараево во зимскиот преоден рок.
Која ќе биде следна дестинација на Аврамовски кој играше за Македонија на Европското првенство засега не е познато.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„По две години поминати во ФК Сараево дојде време за разделба. Горд сум и почестен што бев дел од ваков клуб. Градот Сараево ми прирасна при срце и секогаш ќе се сеќавам со радост, стекнав и многу нови пријатели. На клубот му посакувам се најдобро и многу успеси во иднина”, објави Аврамовски.