Иако се шпекулираше дека Халанд е најблиску до Реал Мадрид, сепак последните информации се дека Манчестер Сити е фаворит за неговиот потпис.
Новинарот Рафа Алманас од „Ел Чирингито“ откри дека добил информации дека Халанд ја прифатил понудата од Манчестер Сити.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Имено, „граѓаните“ на Халанд му нудат неделна плата од 600.000 евра, односно 31 милион евра годишно, со што би станал најплатен фудбалер во Премиер лигата.
Алманас тврди дека од доверливи извори дознал дека Халанд ја прифатил понудата на Сити и ќе се пресели на „Етихад“ на лето.
„Човекот кој беше во Марбеља со Алфи Халанд, таткото на Ерлинг, ми кажа дека веќе се е договорено и дека ќе оди во Манчестер Сити. Тие постојано играат голф, многу зборуваат за фудбалот и соопштено му е дека Ерлинг ќе оди кај Гвардиола“, откри Алманас.