Дома Останати Познат и десеттиот учесник во СЕХА: Лигата доби екипа од Романија!

Познат и десеттиот учесник во СЕХА: Лигата доби екипа од Романија!

Извршниот одбор на СЕХА Газпром лигата го реши прашањето за десеттиот учесник на регионалното ракометно натпреварување.

Десетти клуб кој ќе учествува во наредната сезона во СЕХА лигата е Стеауа Букурешт од Романија.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


Со учеството ан романските вицешампиони регионалната лига се проширува дополнителни што придонесува за популаризацијата на клубовите, лигата и ракометот.

„Многу сме задоволни што го избравме десеттиот учесник во СЕХА лигата. Стеауа Букурешт е двоен европски шампион. Многу сме горди што имаме клуб со богата историја на ракометот и се надеваме дека сеонава ќе донесе многу поголеми возбудувања“, кажа Михајло Михајловски, претседател на лигата.

И од Стеауа се задоволни со повикот, па најавуваат голема борба и многу возбудувања.

„Кога бевме повикани во СЕХА лигата, сите играчи беа многу среќни. Тоа е нов предизвик за сите и ново искуство за нас. Многу е тешко да се игра во четири натпреварувања, но не може да спортувате без жртвување“, кажа генералниот менаџер на Стеауа, Василе Стинга.

Останати клубови кои ќе настапуваат во СЕХА лигата во сезоната 2018/19 се Вардар, Металург, Извиѓаќ, Мешков Брест, Нексе, Загреб, Татран, Војводина и Железничар.

Првото коло во новата сезона се игра во вторник, 28. август и среда, 29. август 2018. година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Погледнете ја неверојатната трка на 16-годишното момче. Коментаторот: Дами и господа, ова е историја

Австралискиот тинејџер Гут (16) трчаше 100 метри за 10,04 секунди и победи на атлетското п…