Според последните информации Манчестер Јунајтед го избрал новиот тренер.
Во претходните месеци повеќе тренерски имиња се поврзуваа со клупата на Манчестер Јунајтед, а во овој момент како најсериозен кандидат изгледа е тренерот на Ајакс Ерик Тен Хаг.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Ерик Тен Хаг има импресивно „сиви“ посебно кога во прашање е создавањето на млади играчи и според последните направени анализи на Островот тој добил предност во однос на Муарисио Покетино кој повеќе не е во прв план.
Се споменуваше и Тухел, но Германецот отпадна од игра поради други причини. Јунајтед не сака да ги чека случувањата во Челзи и да чека расплет на ситуацијата. Во анализата биле вклучени и Брендан Роџерс и Ралф Хазенхут, меѓутоа тие се во втор план.
Во Јунајтед сакаат што побрзо да одлучат и да тргнат во преговори. Тен Хаг има договор на уште една година и поради тоа веројатно „ѓаволите“ не би требало да платат некој поголема оштета на Ајакс каде што Тен Хаг работи пет години. Пред Ајакс Тен Хаг работеше во Утретехт каде што и играше своевремено, тренерската кариера ја започна во Го Хед Иглс. Таму сопственик беше Марк Овермарс кој подоцна го доведе во Ајакс.
Како и да е Де Хаг кога ќе се погледнат резултатите на Ајакс дефинитивно е тренер кој ветува. Доволно е да се потсети дека со холандскиот гигант играше полуфинале во Лигата на шампионите.