Дома Фудбал Познат датумот на претседателските избори на „Камп Ноу“

Познат датумот на претседателските избори на „Камп Ноу“

Следниот претседател на Барселона ќе биде избран на 24-ти јануари 2021 година, објавија официјално од „Камп Ноу“.

Помежу 23 декември и 11 јануари треба да бидат поднесени сите кандидатури за потенцијалните наследници на Жосеп Марија Бартомеу, а кампањата ќе биде една недела – од 15 до 22 јануари.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Досега амбиции да учествуваат на изборите покажаа Жоан Лапорта, Виктор Фонт, Тони Фрејша, Жорди Фаре, Луис Фернандес, Емили Рудад, Агусти Бендето и Пепе Риера.

До овој момент осигурени се 10 гласачки места на кои ќе гласаат членовите на клубот. Надвод од Каталонија ќе се гласа во Мадрид, Севиља, Валенсија и Мајорка.




Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Клоп нема да оди во Реал, долгорочната цел му останува Германија

Спортскиот директор на Ред Бул Груп Јирген Клоп, кој се поврзува со тренерската позиција в…