Како што стојат работите тимот на Јувентус нема да има преголем буџет на располагање за засилувања во летниот преоден рок и ќе се фокусира на фудбалерите на кои им истекуваат договорите. Еден од нив е Тони Крос (ТУКА).
Според последните најави од италијанските медиуми раководството на Јувентус ќе има околу 60 милиони на располагање, сумата до некаде ќе се зголеми со продажбата на фудбалерите кои се сметаат за „вишок“.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Приоритет на гигантот од Торино ќе биде засилување во средниот ред. Кои се фудбалерите од кои буџетот би можел да се наполни?
Договорите на Војчех Шчесни, Федерико Киеза, Данило и Моисе Кин истекуваат во 2025 година и ако не стават потпис на нов договор на лето би можеле да заминат.
Доколку нешто такво би се случило сигурно дека „старата дама“ ќе дојде до сума од околу 100 милиони евра.