Бразил остана без селектор, откако Тите реши да се повлече после раната елиминација на Мундијалот во Бразил.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
„Кариоките“ беа главни фаворити на Светското првенство, но беа елиминирани во четвртфиналето, па Тите ја понесе одговорноста.
Како главен кандидат за наследник на Тите се споменува 43-годишниот тренер Абел Фереира.
Фереира своевремено беше тренер на вторите екипи на Спортинг и Брага, го водеше и ПАОК, а успеси почна да бележи на клупата на Палмеирас.
За само две години со Палмеирас ја освои бразилската Серија А, Купот, двапати Копа Либертадорес, Рекопа Судамерикана, Паулиста и беше вицешампион на Светското клупско првенство на ФИФА.