Марио Манџукиќ е надвор од плановите во Јувентус, Маурицио Сари не смета на него и тоа стана јасно во првите кола од Серија А.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Она за што долго време се пишуваше сега гласно се тврди во италијанските медиуми – Марио Манџукиќ постигнал договор со Манчестер Јунајтед.
Хрватот не беше пријавен и за Лигата на шампионите. Манчестер Јунајтед сакаше да го доведе на лето, но Манџукиќ имаше желба да остане и да се бори за своето место во Јувентус.
Медиумите тврдат дека се е веќе договорено и само се чека јануари за да се реализира трансферот. Откриена е и сумата која „црвените ѓаволи“ ќа ја платат за неговиот потпис.
Имено, Јувентус за слободата на 33-годишниот напаѓач ќе добие 10 милиони фунти.