Стефано Сенси ова лето пристигна во Интер од Сасуоло и се покажа како одлично засилување.
Сенси за кратко време стана еден од најдобрите играчи на Интер и се покажа дека овој тим направил одличен потег со неговото доаѓање. Сенси стана организатор на играта на Интер и воодушеви со настапите во досегашниот дел од сезоната.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Во дербито против Јувентус Сенси заработи повреда и мораше да излезе од игра во првото полувреме. Неговото отсуство веднаш се почуствува и тоа е доволен показател колку значи Сенси на тимот на Конте.
Сенси поради истегнување на мускулот ќе го пропушти натпреварите на репрезентацијата на Италија против Грција и Лихтенштајн, но се очекува да се врати на теренот после репрезентативната пауза.
Италијанските медиуми објави дека Сенси утрово направил дополнителни прегледи кои покажале дека фудбалерот за врска не е сериозно повреден и тоа сигурно се одлични вести за Конте.