Во текот на вчерашниот ден Виктор Осимен ја официјализираше својата позајмица во редовите на Галатасарај.
Турскиот клуб набрзо по потврдата за трансферот откри и детали од договорот.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Наполи нема да добие ништо за позајмицата, но Галатасарај ќе ги преземе трошоците за неговата плата која изнесува шест милиони евра.
Осимен во Наполи беше „отпишан“ и тренерот Антонио Конте воопшто не сметаше на него, па и затоа Нигериецот прифати преселба во Турција каде што преодниот рок се уште е отворен.
Медиумите шпекулираа и дека има клазула според која ако пристигне адекватна понуда може да потпише за друг клуб во јануари.