Новиот селектор на српската фудбалска селекција е Младен Крстајиќ. Тој пристигна на местото од Славољуб Муслин кој заработи отказ од федерацијата иако обезбеди пласман за Србија на Светското првенство во Русија.
Некогашниот дефанзивец на Ведерер Бремен, Шалке и Партизан досега не бил тренер, а единственото искуство со кое се соочил е помошник токму на Славољуб Муслин.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Неговата прва задача е повеќе од предизвик. Тој ќе ја предводи Србија на Мундијалот во Русија.
„Младен Крстајиќ ја доби нашата доверба да ја води српската репрезентација заклучно со Светското првенство во Русија. За деталите од договорот ќе разговараме по празниците кога ќе биде и неговата официјална промоција. Во секој случај тој и дефинитивно ќе биде нашиот селектор“, изјави потпретседателот на Сручниот одбор, Горан Буњевчевиќ.